ЛЕК ЗА КОСАТА НА ДУМБОВИЌ

Историја

На 7 март 1983 година гостин на Победа беше југословенскиот шампион Динамо. Загрепчаните налутени од првенствениот пораз со 2-1 од Вардар претходниот ден во Скопје, одиграа со најдобрите играчи. Тренерот Ќиро Блажевиќ изведе постава предводена од капитенот Велимир Заец. Од останатите кои настапија во долго паметење остана Драго Думбовиќ. Се зборуваше дека во градов дошол, поради проблемот со губење на косата. Имаше само 23 години, а цела глава му беше гола. Некој наш народен лекар со чудесни состојки му дарил лек и косата пак пораснала.

Расположениот Думбовиќ се раздава голови и резултатот беше 0-7 за Динамо.

Loading