СКОК НАД ЉУБАНЦИ

Победа

Победа зеде бод (0-0) кај Македонија во Ѓорче Петров, но незадоволна се врати дома, поради огорченоста од судиски неправди. Арбитражата на велешанецот Величков со помошниците била со нерамномерен критериум.

– Се воздржувавме од поплаки за судењето, дури и кога губевме. Со Гостивар не рековме ниту збор. Овојпат не молчиме за тенденциозното судење. Тоа што се суди како фаул за едната, не важи за другата екипа. Играчите виделе и лошо и добро судење и знаат да прават разлика. ФФМ нека преземе нешто – вели Дарко Крстески, тренерот.

Победа од шест можни, освои еден бод. Истиот биланс е на претходниот ривал Македонија ЃП и на наредниот, Љубанци. Ова зборува дека лигата е изедначена и секој секого може да победи. Прилепскиот тим не го загуби чекорот. Има шанси со евентуална серија добри резултати да се приклучи на врвот од каде е само проѕирно оддалечена на седмото место. В сабота е гостувањето на второпласираното Љубанци.

– Бараме објективно, коректно судење според правилата. Помош не ни треба. Противникот изненади со брза игра на претходниот меч. Тежок дуел нé очекува, но верувам во играчите. Гешоски доби црвен картон и бараме замена да го изненадиме домаќинот – истакнува Крстески.

Табела: Тетекс 26, Љубанци и Македонија по 25, Скопје 23, Велазерими 22, Пелистер 21, Победа и Еуромилк по 20.

Loading