ТУРНИР ВО МЕДИЦИНСКО

Одбојка

Интересен одбојкарски настан има в недела (10 ч.) во салата на СОУ “Ѓорче Петров”. Женскиот одбојкарски клуб 11 Октомври е домаќин на третиот турнир од Младинската лига. Предвидени се четири меча: 11 Октомври – Тин волеј (Тетово), Валандово – Јанта волеј (Скопје), 11 Октомври – Јанта волеј и Валандово – Тин волеј. Борбата на прилепчанките е за освојување на второто место кое води во плеј – офот. Досега имаат две победи и два пораза. Се очекува триумф над тетовчанките и отпор со скопјанките.

На табелата во групата со осум бода води Јанта волеј.

Loading