ШЕСТ ШАНСИ – ДВА ГОЛА

Фудбал

Пресилен беше 11 Октомври против Младост Удово, на стартот од пролетниот дел на Третата лига – Југ. Домашните победија со 2-0 со головите на Чешелковски и Никовиќ, патем имаа уште четири шанси. Тренерите Кулески, Тодоровски и Митрикески настапија со: Настески – Бешовски, Кукески, Трајкоски, Боцески (С. Тодоровски) – Стомнароски, Б. Митрески, М. Митрески (Наумоски), Чешелковски – Тошески, Никовиќ. Вредноста на овој состав треба да се потврди на следното дерби в недела со Тиквеш во Кавадарци. Претходно Тиквеш со 0-3 славеше во Големо Коњари. Останати од 13 коло: Зорбас Победа – Г. Коњари, Млекар – Вардар Н., Младост У. – Партизан О.

Табела: Вардар Н. 36, Победа В. 30, Тиквеш 23, 11 Октомври 20.

Loading