ЖЕСТОК СУДИР ПЕТРЕСКИ – ЈОВАНОСКИ

Пинг-понг

Luti rivali a golemi drugari - Petreski i JovanoskiОдлични настапи на ветераните Миле Петрески и Зоран Јованоски од пингпонгарскиот клуб Младост. На меѓународниот турнир за пингпонгари над 50 години во Скопје, меѓу 40 учесници Петрески е втор, Јованоски трет. Двајцата имаа жесток судир во полуфиналето.

– Откако во групата бев прв, па победив Турчин и Србин, налетав на Петрески. Водев 1-0 во сетови и 10-8 во вториот сет, но ја загубив партијата. Петрески во финалето загуби од вториот Турчин кој беше најдобар во две категории – вели Јованоски.

Следи пролетниот дел од првенството во Супер лигата со гостувањето кај Нец во Скопје, а дома е мечот со Радовиш. За Младост настапуваат: Јованоски, Петрески, Јочкоски и Илиески.

Loading