ПОСЛЕДНИ ЗБРАТИМЕНИ СРЕДБИ

Историја

Од 15 до 17 јуни 1990 година во Валево се одржаа Петтите спортски средби на збратимените југословенски градови. Беа последните за дружба на Прилеп со Валево (Србија), Никшиќ (Црна Гора) и Јајце (Босна), затоа што откажаа преостанатите Копар (Словенија) и Задар (Хрватска). Делегацијата на Задар не се појавила на договорните состаноци, а од Копар испратиле телеграма со известување дека нема да учествуваат поради одлуката на општинското собрание. Така заврши неславно традицијата за собирање на спортските работници во повеќе дисциплини. Преку распадот на спортот се навестуваше и распад на федеративната држава. 

Loading