ПЛАДНЕВНО ДЕРБИ СО РАБОТНИЧКИ

Мажи

Привршуваат зимските подготовки за ракометарите на Прилеп. Погледите полека се свртуваат кон првенството. Беа одиграни четири контролни меча со по две победи и порази. Стручниот штаб оценува дека сé минало во најдобар ред, по планот.

– Задоволен сум од подготовките. Резултатот на контролите најмалку нé интересираше, туку важна беше играта. Во тимот го немаме бекот Шаренац, кој ни користеше во одбрана и во напад. Баравме решение за празнината. Гледаме со другите играчи да пополниме, да го поткренеме моралот – вели Томче Петрески, тренерот.

Прилеп речиси ја постигна целта со влез во плеј – офот, но тука не завршуваат можностите. Мотив треба да биде искачувањето барем место погоре од ланскиот конечен пласман. Пред жестоките дуели од плеј-офот, прво претстојат четири кола од основниот дел. Првото искушение е дербито со Работнички во Скопје.

– Играме в сабота напладне. Необичен термин, како гости. Ќе значи порано тргнување утрото. Но, дерби е дерби и обврска е да се покажеме во добро светло. Есеноска нé победија во Прилеп, но сега се ослабени. Очекувам рамноправен дуел, на кој важно е да дадеме максимум – порачува Петрески.

Табела: Металург 42, Прилеп и Охрид по 30, Работнички 27.

Loading