ОДЛИЧНИ АТЛЕТИЧАРИ 1989

Историја

Летото 1989 година беше бериќетно за Атлетскиот клуб Трети ноември. На Републичкото првенство во Скопје одлични настапи имаа големите надежи Гордана Петреска, Теодора Кочоска и Мухарем Јашароски. Петреска, иако јуниорка ги победи сениорките на 1500 и 3000 метри, каде постави јуниорски рекорд од 10 минути и 28 секунди. Кочоска како пионерка ги наттрча сите и прва стигна до целта. Јашароски беше меѓу најуспешните на првенството со прво место на 800 и трето на 1500 метри.

Тренер беше Ѓорѓи Гешоски.

Loading