Џудо
Државното сениорско првенство во Кавадарци не донесе ништо ново во однос на распределбата на медалите. Во овој спорт се знае кој е “закон”, а тоа се прилепските џудисти. Освоија половина од златните медали. Од клубот Сеишин државни прваци се Мартин Тодорчески до 60, Владимир Талески до 81 и Јове Божиноски над 100 килограми. Од клубот Пролетер златото е за Марко Паноски до 66, Борче Ангелов до 73 и Барбара Башеска до 73 килограми. На списокот се приклучува Катерина Николоска (Миоки) шампионка до 63 килограми.
Учествуваа 60 џудисти.