ИЏЕ КОНТРА НА БРЗИНАТА

Kampanja protiv brzinataАгенцијата за млади и спорт, Републичкиот совет за безбедност на патиштата и двократниот европски шампион во ридско-брзински автомобилизам, Игор Стефановски – Иџе ја промовираа кампањата за едуцирање на младите за опасностите на брзото и неодговорно возење.

Македонскиот трофеен спортист, пред своите две возила, картингот и тркачкото возило, изјави дека тој ја покажува брзината на патеките, а на улиците е одговорен.

– Мисија е да има помалку сообраќајни несреќи. Непотребно е на улиците да се вози брзо и да се загрозуваме ние и сите останати – вели Иџе.           

Преку симулатор младите почувствуваа како е да се вози на брзински трки.

Кампањата ја поддржа и градоначалникот Марјан Ристески. 

Loading