КРСТ НА ЗЕМЈА

Metalen krst megu cvetoviРомантичната плуралистичка еуфорија од почетокот на деведесеттите роди многу интересни идеи. Една од нив беше слободата на вероисповедта изразена преку православни симболи. При ставањето на темелите на демократијата, група запалени граѓани поставија христијански симбол во центарот на градот. Импровизацијата отиде до таму не само како волунтаризам, туку и како примитивизам и поигрување со христијанскиот знак. Две големи вкрстени метални шипки во цвеќникот на плоштадот требаше да асоцијацираат дека завршиле стегите на комунизмот, а во повеќеумието доаѓа време на промоција на верските слободи. Но, дали полицијата или комуналните служби на првиот поевеќепартиски состав на локалната самоуправа ги извадија металните прачки за неполни две недели. Со тоа не завршија идеите за демонстрација на православната средина. Неколку месеци подоцна, на Крстовден, се извади петдецениската петокрака од врвот на градскиот саат, што алудираше на диктатурата на пролетерјатот. Со огромна дигалка се врати нова верзија на крстот на највисоката точка на градскиот саат како што било пред војната која и денес стои.

Самоволните идеи на поединци и мали групи почнаа да се артикулираат со легални процедури, и покрај реакциите. 

Loading