НАДЕЖ ЗА ДОБРА БЕРБА

Pokraj tutunskata se odrzuva i lozarskata tradicijaСо чинот на закројувањето на лозовите насади се посакува бериќетна и плодна берба и производство на квалитетно вино. Празникот Св.Трифун дава надеж дека родот ќе биде квалитетен и ќе се произведе вино кое ќе ги збогати трпезите.

Самото закројувањето е еден вид на свечен чин кој се претвора во  обред. Но, со него се оформува идниот род и според процентот на здравите “окца” на лозите, лозарите ќе знаат што да очекуваат.

Традиционално како и секоја година по повод одбележувањето на празникот посветен на заштитникот на лозарите, градоначалникот Марјан Ристески присуствуваше на свеченото закројување на лозјата кај Склештен мост.

Loading