СТРАВ, А НЕ БОЈАЗНОСТ

Почитувани, редовен читател сум на Вашиот весник, а со посебно внимание ја следам колумната “Јазичен агол” од почитуваниот Благоја Ивчески. Голем респект за него и за сето она што до сега го прави за правилното пишување, изговор, односно употребата на македонскиот литературен јазик. Се надевам дека ќе се сложите со мојата констатација дека некој што веќе пишува околу оваа проблематика, треба да внимава околу тоа дали е правилно напишано.

Во колумната од бројот 388, има употребено “бојазност”. Зборот доаѓа од српскиот глагол “бои се”. Кај нас би било правилно да се употреби зборот “страв” или пак “стравува”.

Оваа забелешка е добронамерна, а писмото е доказ дека сте читани.

Искрен поздрав, Ѕвонко Петрески       

Loading