РЕКОНСТРУКЦИЈА И КОНСОЛИДАЦИЈА

Болницата со нов изглед

bolnica prilepПо пет месеци, нов лик ќе добие болницата. Се реконструираат болничките одделенија. Комплетно ќе бидат уредени сите болнички соби, санитарните јазли и ходниците. Инвестицијата е околу 70 милиони денари.

Освен реновирање на болничките соби, замена на вратите, внатрешната столарија, подовите, реконструкција на таваните, ѕидовите и ходниците со ново осветлување, ќе се обноват и операционите сали, каде што целосно ќе се смени внатрешната и надворешна столарија. Ќе бидат поставени два нови лифта и уште два во инфективното одделение.

Тече и процесот на опремување. Набавен е нов мамограф за рендген одделението. Апаратот ќе биде функционален, откако ќе заврши едукацијата на персоналот. Најмодерен биохемиски анализатор има во биохемиската лабораторија.

По неколку години се постигнува и финансиска консолидација на јавната установа и сметката е одблокирана, а вкупниот долг од 200 милиони денари е намален за 35-40 милиони денари.

Менаџерскиот тим предводен од Петар Ристески најавува решавање и на кадровскиот проблем со специјалисти и стручни лица.

Болницата дава здравствени услуги освен на прилепчани, и на жителите од Кривогаштани, Долнени и Крушево.

Loading