ПРОЛЕТ ВО ФЕВРУАРИ

Ocila za sonce mesto kapi i salИ зимата знае да изненади. Топлото време, несекојдневно за овој период од годината, натера многумина да прошетаат по плочникот, да ги запоседнат кафетериите, особено со јужна експозиција, и да уживаат во сончевите зраци со пријатен муабет. Се фрли зимската облека и се посегна по очилата за сонце. Живна градот, за разлика од тмурните зимски денови. Падна некое ново селфи на плоштадот. Весели, ведри и насмеани лица – мерак за очи, ама и за душа… Психолозите велат дека сончевото време буи емоции, го подобрува расположението, дава волја.

По убавото сочево време од 19 степени, зимата не се предава и допрва се заканува да ги покажува забите.

Loading