КАРНЕВАЛСКИ ТРАДИЦИИ

Delegacija od Prilep na Karnevalot vo PernikГрадоначалникот Марјан Ристески со претставници на Локалната самоуправа присуствуваше на манифестацијата „50 години Сурва и 25 години Меѓународен карневал на Перник” во Бугарија. На јубилејната карневалска фешта, организаторите се покажале како добри домаќини. Маскираните групи од Перник се редовни гости на прилепскиот карневал кој годинава ќе го има 15 – тото издание.

На верскиот празник Поклади, кој според календарот на МПЦ, е на 13 март, се очекува да продефилираат над две илјади маскирани лица во групни и поединечни маски. Покрај мечкарите кои го изведуваат ритуалот со кој се бркаат злите духови, во очекување на плодна и бериќетна година како маска која има тривековна традиција иницирана од касапите, на меѓународниот карневал Прочка 2016, ќе има детски маски од речиси сите училишта, како и маскирани групи од Кавадарци, Куманово, Куратица, Ратево, Мокриево, Бегниште и Струмица.

Maskiranite grupi od Bugarija redovni ucesnici na   karnevalot ProckaПокрај гостите од Бугарија, традиционално со години учествуваат и маски од Србија, Словенија, Хрватска и Албанија.

Карневалот е забава, атракција за привлекување на туристи и манифестација со која Прилеп се запиша во асоцијацијата на карневалски градови.

Loading