СТАРТОТ Е НА 26 МАРТ

Ракомет жени

Moment od mecot Vardar - Zito PrilepРакометната федерација реши пролетниот дел од првенството во Женската лига да стартува на 26 март. Екипата на Прилеп треба да гостува кај Пелистер во Битола, а една недела подоцна е мечот со Овче Поле во Свети Николе. Со тоа ќе заврши основниот дел за да следи пелј-офот и плеј-аутот од 16 април. Датумот е доста далечен и затоа не се почнати подготовките. Деновиве се очекува договор и план меѓу управата и тренерите за тренажниот процес.

Предвидени се и куп натпревари, а според ждрепката за четвртфиналето Прилеп треба да гостува кај Металург во Скопје.

Loading