КОЛКУ ПАРИ ЗА ЕДНА СЕЗОНА?

Одбојка

ZOK 11 OktomvriЖенските одбојкарски клубови прават сметки колку финансиски ќе ги чинат активностите годинава. Котизација е 30.000, судии 70.000, превоз 120.000, лиценци 8.500, реквизити 35.000, тренери 100.000, исхрана 100.000 итн. Кога сé ќе се собере, сумата е близу 550.000 денари. Во ЖОК 11 Октомври велат дека со домаќинско однесување можат да поминат со двесте илјади помалку.

– Доволни се и 350 илјади. Имаме талентирани девојки, само треба да се обезбедат финансии и резултатите ќе дојдат – порачуваат од ЖОК 11 Октомври.

Младинската лига стартуваше на 21 јануари.

Loading