БЕЗ ВОЗАЧКА, ЈУГОТО ГО ЗАБИЛ В КУЌА

Триесет ичетиригодишниот (С.М.) добил тешки телесни повреди, откако со нерегистрираното Југо удрил во ѕид од куќа. Возачот немал ниту возачка дозвола.

Според полицијата, (С.М.) движејќи се со автомобил Југо, со скопски таблички, изгубил контрола и удрил во куќа на улицата “Сремски фронт”. Поради повредите, лекарите го задржале на лекување во болницата.

Loading