ОСУМ ЛЕСНО ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА ГАС

Среќа во несреќа 

I pozrnikar povreden od eksplozijata„Боцата со гас се запали дома, а експлодира откако во паника ја изнесов во ходникот од зградата“.

Вака сведочеше Никола Чеврески, во чиј стан на улицата Будимаш се запалила боцата со гас, а потоа дошло и до експлозија во ходникот, од што се запалија шест стана, а повредени беа осуммина, меѓу кои и еден пожарникар. Среќа во несреќа е што никој не загинал и покрај сериозноста на ситуацијата.

Драматиката почнала кога Чеврески во својот стан забежал дека се запалила греалката на гас. Реагирал и ја изнесол надвор во ходникот од станбената зграда каде што живеел, мислејќи дека таму ќе направи помала штета.

– Се запали плинската греалка дома, по што ме фати паника. Не можев да се снајдам и да ја изгаснам. Боцата ја изнесов во ходникот на зградата, а потоа само избувна пламен и дојде до експлозија. Не знам ништо потоа – вели Чеврески, додавајќи дека во несреќата повредена била и жена му, која завршила во болница.

Силната експлозија ги вознемирила станарите на зградата кои излегувале да видат што се случува, но забележале дека во ходникот има пламен. Огнот силно се ширел, зафаќајќи ги вратите на становите. Била алармирана противпожарната бригада која по кратко време пристигнала на местото.

Некои од пожарникарите прво се зафатиле да ги извадат станарите, а други го гаснеле огнот. Еден по еден повредените станари биле вадени од запалената зграда и носени во градската болница каде што им била укажана помош.

И командирот на противпожарната единица, Станко Колески, беше на местото веднаш по експлозијата.

– Кога пристигнавме, имаше експлозија на плинска боца. Пожарот се рашири на околните станови и повреди неколку лица и наш пожарникар. Опожарени се шест стана, од кои три се со поголема, а три со помала материјална штета – вели Колески.

Двајцата потешко повредени биле пренесени на хируршкото одделение, а другите станари од зградата кои вдишале чад биле хоспитализирани на интерното одделение.

– Во хируршко беа донесени двајца повредени. Пожарникарот имаше изгореници на рацете, а постарата жена имаше полесни изгореници. Другите пациенти кои вдишале чад беа на интерното одделение, надвор од животна опасност. Сите се пуштени на домашно лекување – рече д-р Гордана Лушиќ од хируршкото одделение.

Истрагата треба да покаже како точна настанал пожарот.

Ристески: СреЌа е Што нема Жртви

Повредените ги посети и градоначалникот, Марјан Ристески.

– Излеговме на местото на локализирање на пожарот и бевме во градската болница на посета на повредените. Нема тешко повредени.  Во сета несреќа, среќа е што немаме жртви – истакна Ристески, која најави помош за санација на последиците од пожарот.

ЈКП Комуналец помогна во расчистување на изгорениот материјал и ќе помогне во бојадисување на ѕидовите од ходниците.

Loading