ЖИВОТОТ НЕМА РЕПРИЗА

Кирил Ѓорѓиоски, претседател на Здружението на пензионери

– Рекреација во бањи, викенд во туристички центри, спортување

– Покачена пензија, зголемување на лековите од позитивната листа

Povisok kvalitet na penzionerski zivot  - Kiril GjorgioskiИ прилепското здружение на пензионери имаше извештајно собрание. Покрај делегатите, присуствуваа и претседателите на 19 разграноци. По разгледувањето и прифаќањето на извештаите и програмите на комисиите и Активот на жени и на ИО, се произнесоа и делегатите. Еве што вели претседателот Кирил Ѓорѓиоски.

Што очекувате годинава според досегашното искуство?

– Лани остваривме полно активности во сите области од интерес на членовите. Годинава нема да застанеме. Планираме да бидеме уште повредни и да оствариме далеку подобри резултати на полето на спортските активности, на културен план со двете КУД, особено во доменот на рекреацијата и одморот. Активот на жени беше мошне продуктивен со акции, предавања и организирани приредби.

Dodeluvanje na blagodarnica za aktivnosta na KUDКои ангажмани би ги истакнале?

– За одбележување е учеството на повеќето манифестации за значајни настани, празници и јубилеи на локално, регионално и државно ниво. Потоа, успешното презентирање и афирмирање на македонските изворни и староградски песни и традиционални игри и обичаи, односно претставување и чување на македонското фолклорно творештво и наследство преку двете КУД Пензионер и Пенка Котеска. Друштвата имаа 22 настапи, од кои 10 на локално, осум на регионално и четири на државно ниво.

Lani aktivni godinava uste poaktivni - ZP PrilepЗа што најмногу се заложивте?

– Комисијата за здравство се заложи за доделување на еднократна парична помош. На повеќе од 200 пензионери им се доделени од 3-5 илјади денари, или вкупно околу еден милион денари. Партиципиравме 500 илјади денари за трошоци за градскиот автобуски превоз. Набавивме 1500 билети. Во жижата беа предавањата за актуелните здравствени прашања и медицинските проблеми. Посветени сме на отворањето повеќе клубови. Добивме катче за дружење на луѓето од третото доба во Долнени. Успеавме со наши средства да ја откупиме просторијата во Корзо. Планираме нови клубови во Центар и во Варош.

Што постигна Активот на жени?

– Пензионерките со минимални средства имаа доста интересни содржини. Беа остварени повеќе средби и разменети мислења за соработка со колешките од други здруженија. Имаа предавања и средби за значајни датуми, ги посетија штитениците од Домот за стари лица, имаа и културно-забавни дружења.

Sila za godinasni drzavni pobedniciПензионерите имаа буен рекреативен живот?

– Комисијата за одмор и рекреација се посвети на разубавување на животот на нашите членови. Организиравме осум екскурзии за историски и културни места во земјава, дури една и во Лесковац, Србија. Педесетина пензионери седум дена се сончаа на брегот на Јонското Море крај Драч, Албанија. Спортистите на регионалните спортски игри беа први, а на натпреварите на ниво на држава го освоија третото место. Извештаите и понудените програми од Комисиите беа прифатени со ситни забелешки во насока за подготовки за “оддлепување” од третото место.

Член сте на државниот ИО. На што годинава СЗПМ ќе посвети внимание?

– Ќе реализираме проекти од интерес на пензионерите. Предност ќе имаат колегите со пониски примања, со телесен инвалидитет и рударите од подземни ископи. Нови 5.500 пензионери бесплатно ќе одмараат, ќе се дружат и ќе се рекреираат во туристичките и бањските центри со проектот за бесплатната бањско-климатска рекреација. А околу 3.000 пензионери ќе уживаат во викенд во туристичките места Охрид, Струга, Преспа, Дојран, Крушево и Берово. СПЗМ ќе одделува средства за пензионерската спортска олимпијада, за фолклорните ревии, учество на меѓународниот фестивал во Љубљана. Тоа ќе влијае да се подобри квалитетот на животот и луѓето во поодминати години достоинствено и активно да стареат. Ќе се подобрат условите во пензионерските клубови. На полето на здравствената заштита нема да запрат ни едукативните предавања. Ќе се вложат напори за зголемување на бројот на лековите од позитивната листа. Ќе се покачуваат и пензиите, поубаво да се мине животот кој нема реприза.

Собранието заврши во предновогодишна атмосфера во ресторан каде КУД Пензионер исполни неколку музички нумери. Меѓудругото, се доделија благодарници за четиридецениското постоење.  Благодарници и парични награди добија најдобропласираните пензионери, спортисти.               

Loading