ВЕРБАТА ПОСИЛНА ОД СТУДОТ

Масовно одбележан празникот Богојавление – Водици 2016

NOSECKA Najsreken bese Filip StojanoskiГолема верба во Бог, во негувањето на православната традиција, а пред сé храброст и решителност покажаа седумдесетмината прилепчани, меѓу кои и 6 девојки кои скокнаа по светиот крст во осветените води од базенот на хотелот Сонце Г.А. Православните верници масовно го одбележаа празникот Богојавление – Водици. Температурата неколку степени под нулата, не ги сопре верниците да присуствуваат на утринските литургии во црковните храмови, а потоа на осветувањето на водите и фрлањето на крстот.

Богојавление – Водици се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

Традиционално, во реките се фрлаат крстови, а оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа. Се верува дека со фрлањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити. Со Водици завршуваат т.н. некрстени денови.

Според верувањата на овој ден сите води во земјата се свети и затоа граѓаните полнат вода за која сметаат дека е лековита и благословена.    

{AG}386/vodici{/AG}

Филип Стојаноски (23 години) беше најсреќниот кој успеа да го фати светиот крст. Претходно се обидувал три години, а годинава, заради неговата огромна верба кон Бога, навистина успеа.

Градоначалникот Марјан Ристески, на Стојаноски и на останатите учесници, им врачи пригодни награди.

Светиот крст се фрлаше и во населените места Мало и Големо Коњари, Ново Лагово и Штавица. Најсреќни беа Бојан Николоски, Бобан Божиноски, Давид Блажески и Сашко Стеваноски.

Традицијата се одржа и во Тополчани, Чепигово, Витолиште и Маркова Чешма.

Богојавленски ручек

Традиционално се одржа Богојавленски ручек на кој присуствуваа граѓани, здруженија, бизнис секторот. Дел од средствата ќе се искористат за доизградба на камбанаријата на црквата Св. Петка во Точила и партерно ќе се уредува просторот околу храмот. Продолжува и живописувањето на сакралниот објект кој се изгради по 100 години во Прилеп.

Како течеа градежните активности, донаторски конференции, хуманитарни концерти, спортски натпревари, забави и слично, кои биле организирани за црквата се запишани во книгата посветена на црквата Св. Петка, во која на 187 страници се овековечени активностите на Иницијативниот одбор за изградба на храмот.

Во црквата Света Петка има редовни богослужби кои се збогатуваат со настапот на црковниот хор.

Loading