ПРЕТСТОЈАТ ПОДГОТОВКИ

Ракомет жени

zitoprilep rakometarkiПролетниот дел од сезоната во Женската ракометна лига е далеку. Веројатно во март, но затоа блиску е стартот од подготовките на ЖРК Прилеп. Датумот зависи од почетокот на Лигата. За тоа одлучува РФМ. Без сомнение, подготовките ќе се одработат на високо ниво, затоа што клубот е во подем и се консолидираше есеноска, застанувајќи на здрави нозе. Напролет се продолжува по истиот пат. Резултатите не се најбитни, туку важно е да се напредува во играта. Има шанса за додавање уште на некоја победа на трите постигнати во првиот дел. Кога се работи за играчкиот кадар нема најави ниту за заминување, ниту за новодојдени. Извесно е дека екипата ќе биде комплет истата под водство на тренерот Жане Дисоска.

Loading