ПРАВДА ЗА ПЛАТИНИ

Фудбал

Има некоја чудесна сила која ги спроведува на дело верските поуки “не прави на друг она што не сакаш да ти го прават тебе” или народните мудрости “доаѓа колце на тркалце” покрај “сé се враќа, сé се плаќа”, но во ова многумина не веруваат, како Мишел Платини. Претседателот на УЕФА во 2010 ја казни Победа со осум години суспензија. Санкцијата беше невидена дотогаш во светски рамки. Пет ипол години подоцна се соочува со истата бројка. Комитетот за етика на ФИФА го суспендираше со истата казна – осум години! Тоа го најде и Сеп Блатер, првиот човек на ФИФА. Нивниот грев бил во тоа што првиот по нелегален пат примил од вториот два милиони долари. Потсетуваме дека правдата го стаса и првиот човек на Дисциплинската комисија која ја казни Победа, а тоа беше Питер Лимахер. Тој поднесе оставка откако му биле констатирани сериозни професионални грешки. Без некој од Победа да мрдне со прст, излегува правдата за сите инволвирани.

Навивачите веруваат дека сегашната Победа може да стане прволигаш две години порано од завршувањето на казната од УЕФА.

Loading