ОПШТИНСКА КОШАРКАРСКА ЛИГА 1988

Историја

Последниве години градов нема или одвај има една сениорска кошаркарска екипа, а некогаш постоеше Општинска кошаркарска лига. Зимата 1988 година во јануари беа одиграни пет кола во салата “Македонија”. Во четвртото коло Десово – Бончејца 62-43, Рид – Пролетер 43-71, Тутунски 2 – Крали Марко 63-55, Корзо – Економист 55-51. Во петтото коло најинтересниот дуел Крали Марко – Корзо 56-55, се одлучи во последните моменти, а на останатите разликата беше поголема: Економист – Десово 72-76, Пролетер – Тутунски 2, 54-83, Бончејца – Рид 39-54. Предводник на табелата беше Тутунски 2 со девет бода, пред Рид со осум, а по седум освоија Крали Марко, Десово, Корзо и Економист.

Првата екипа на Тутунски беше член на Републичката лига.

Loading