ТЕСТ СО МЛАДОСТ ЛУЧАНИ

Победа

Golmanite na Pobeda - Kotevski Jovanoski i MancevskiЕкипата на Победа ја заврши првата фаза од подготовките за општа физичка кондиција. Можеби беше најтешкиот дел, но важни се и наредните. Втората фаза се комбинирани тренинзи на брзинска издржливост и работа со топка. Доколку дозволат условите, планиран е првиот затворен тренинг меч.

Интересна ќе е идната недела со најавени пријателски дуели, кога ќе се видат засилувањата Ристевски (Силекс), Наумоски (Металург), Х. Петрески (Гостивар) и С. Иваноски (Тетекс), како и новите играчи од младинскиот погон. Првиот тест е закажан за 28 јануари со прволигашот Младост Царев Двор, а три дена подоцна против српскиот суперлигаш Младост Лучани. Овој тим е познат, особено на повозрасните љубители, бидејќи беше ривал во некогашната Трета југословенска лига. Секое доаѓање во земјава, се користи за одигрување на меѓусебно полезен меч и за продолжување на соработката. Младост Лучани е седмопласиран тим во Супер лигата на Србија. Победа, како големо име, доби покана за турнирот “Вуко Каров” во Кавадарци на 14 февруари. Таму ќе има најмалку два меча. Генералната проверка е предвидена за 20 февруари со второлигашот Велазерими.

Во поглед на играчкиот кадар, покрај новодојдените, има простор уште за некој. Од досегашните првотимци единствен кој нема да биде напролет е левиот бек Даниел Котески, ослободен од обврските. За истото место ќе конкурира битолчанецот Кирче Ристевски.

Loading