ПЛАНИНАРЕЊЕ ПО СНЕГ

За планинарите на Картуш нема зима, ни пак страв од снег. В недела предизвик ќе им биде да ги освојат скијачките терени во Крушево. Поделени во две групи, едните преку манастирот Преображение ќе го искачуваат врвот Мусица. Така речи ќе се “борат” да ја совладаат навеаната бела покривка, истовремено пазејќи се од евентуално експресно спуштање, небаре отишле на санкање. А другите, навидум тргнати на скијачко планинарење, ќе го цапаат снегот, планинарејќи по скијачките терени. Потпорните стапови овојпат сигурно нема да ги остават дома. При уживањето во снежната покривка, ќе свратат и до манастирот Свети Спас, од каде за дома ќе се спуштат преку Алдинци. 

Loading