ПИНГ-ПОНГАРСКИ ШАМПИОНИ 1988

Историја

Пинг-понгот е спорт во кој градов имаше долготрајни успеси од шеесеттите до крајот на осумдесеттите години. Клубот Младост постигна голем успех во 1988 година во пионерска конкуренција. На Републичкото екипно првенство тимот во состав Гоце Тошески, Златко Рикалоски, Борче Базеркоски и Ѓоко Јочкоски ја освоија шампионската титула во конкуренција на 11 тима. Прво во групата ги совладаа сите ривали, Брегалница со 3-2, Работнички, 11 Октомври, Неготино и Борец со по 3-0, а во финалето му одржаа лекција на домаќинот, скопски Ѓорче Петров со 3-0.

Пионерскиот пехар во градов беше вратен по пауза од 13 години.

Loading