СЕИШИН СО ДЕДО МРАЗ

Џудо

Според традицијата ЏК Сеишин одржа предновогодишен клупски турнир за возрасни, најмлади, млади и постари пионери. Најдобрите добија награди. Победници беа Матеј Миленкоски, Даријан Мицкоски, Георгиј Магдески, Валентин Димитриоски, Андреј Сотироски, Кристијан Тошески, Михаела Пешталеска. Привлекоа борбите кај највозрасните, конкуренција на ветерани. Таму првото место е за Маке Спиркоски, второто за Киро Здравески, третото за Лазо Цветкоски. Беа доделени признанија на 14 најдобри клупски претставници во 2015. За најупорен и најредовен во тренажниот процес е прогласен Марио Тошески.

Loading