ТРАДИЦИЈАТА ОСТАНУВА ЗА НАВЕК

Свети Никола се одбележа по 10-ти пат

– Тутунски комбинат сервира 70.000 посни сарми, по 300 килограми грав и пржени риби, маслинки, над тон вино, ракија, сокови…

– Трпезата беше збогатена со тиква, костени, славски колач за добредојде…

– В година домаќин ќе биде грчката конфекција Васидора

Cest e da se bide domakinСо литија низ градот и делење на славскиот колач продолжи чествувањето на големиот светител Свети Никола, кој истовремено е заштитник и патрон на градот. Еднодеценискиот јубилеј на градската слава, се одбележа свечена литургија во црквата Свето Благовештение и водосветот пред параклисот Свети Никола.

– Граѓаните имаат редок светител, образец на верата, човек кој се застапувал за правдата, човек кој ги сакал, пред сé, Бога и луѓето. Пораката наша е љубовта да завладее меѓу луѓето, и љубовта кон Бога, верата да ја запазиме како што ја запазил и Свети Николај и добри дела да правиме, како што правел тој – рече митрополитот Петар.

Годинешните домаќини од Тутунски комбинат на големата трпеза сервираа 70 илјади посни сарми, по 300 килограми грав и пржени риби, маслинки, овошје, над тон вино, ракија, сокови…, збогатена со тиква, костен, славски колач за добредојде…

{AG}383/nikola{/AG}

– Чест е да се биде домаќин. На сите íм посакувам среќа, здравје и бериќет. Годинава беше успешна за Тутунскиот Комбинат. Ја зацврсти соработката со компанијата Филип Морис и конечно очекуваме да се пофалиме со завршната сметка дека повеќе нема да бидеме загубар – вели генералниот директор Александар Дерменџиев.

Не случајно, градот го избра Свети Никола за заштитник. Повеќе од половината прилепчани го празнуваат како куќна слава.

– Одржувањето на оваа убава традиција го прави градот да се чувствува како едно семејство. Откако Прилеп стави заштитник на својот град пред десет години, градот тргна напред во секој поглед, а реализирани се многубројни проекти – рече градоначалникот Марјан Ристески.

На градската слава следната година, домаќин ќе биде конфекцијата со грчки капитал Васидора.

– По 15 години постоење и придонес во Прилеп, ова претставува голема чест да бидеме домаќини, за мене, мојата фамилија и мојата фирма – рече Јорго Василопулос, сопственик на Васидора.

Во 2008 г. градот се запиша во Гинисовата книга на рекорди со 80.191 посна сарма.

Свети Никола бил заштитник на сите. Се верува дека Чудотворецот под своја закрила ги имал децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, пекарите, аптекарите, трговците, патниците…

Како дел од прославата на празникот Свети Никола во Ц.К. ,,Марко Цепенков,, се отворени изложби на икони и на ексклузивни експонати од Музејот за тутун.

Со богата музичка програма, со почит, љубов, желби за благосостојба за секој ден, прилепчани достоинствено и весело ја празнуваа најчестата слава во домовите, Свети Никола, со надеж дека и в година пак ќе се продолжи традицијата за пладневна заедничка трпеза во центарот на градот. 

Loading