РК ПРИЛЕП Е ВОДЕЧКА ЕКИПА

Ракомет

Uspesna esen - RK PrilepАко екипниот спорт е репер за одмерување на постигнувањата на ова поле, тогаш за најпозитивен за издвојување е машкиот ракометен суперлигаш Прилеп. Тим кој се движи само нагоре и организационо и резултатски. Градот треба да биде задоволен.

Есенва е освоено второто место на суперлигашката табела, веднаш под најсилниот Металург. Овој пласман не беше ветуван, туку само средината. Најдобро е кога не се ветува, а се отстварува. Тренерот Томче Петрески има голем придонес со новиот пристап. Екипата киксна со Борец на гости, а и дома можеше да избегне пораз од Работнички, додека очекувани беа поразите во Охрид и со Металург. Сите останати 10 се победи. Вредни беа со Радовиш на гости, двете со Вардар јуниор и двете со Пелистер. Доживеавме на битолчани да им држиме лекции од ракомет и дома и на гости. Покрај резултатски, клубот е пример за фер-плеј. Ниеден, ни најмал пропуст, ниеден гостински приговор не видовме. РК Прилеп ниеднаш не се пожали на судиите. Ова е голем клуб.

Претстојат четири меча од основниот дел и потоа плеј-офот. Добро е градов да го поддржи и натаму во растежот РК Прилеп, а навивачите да уживаат и во преполнета Универзална сала.

Loading