Турнир “Свети Никола”
Преполна Универзална сала, амбиент од 2500 гледачи. Спектакл. Тоа може да се очекува в недела на завршницата од турнирот во мал фудбал “Свети Никола”. Двонеделните возбудувања кулминираат и честа ќе биде за најдобрите или најсреќните. И најдобрите професионални, прволигашки фудбалери би посакале да се претстават пред публиката, која зимава ги исполнува трибините и ги наградува сите добри потези и партии не само на домашните екипи, туку и тие од Битола, Кавадарци, Охрид, Радовиш и Крушево.
Кои тимови ќе бидат во финалето, тешко е да се претпостави. Има фаворити, има и изненадувања. До заклучувањето на бројов во првата група најдобра беше Теа Андреа со 4 бода, пред Дени мебел и Комфи ангел по 3. За Теа Андреа настапуваат Наумоски, А. Талески, Димитриоски… Во втората група водеа Кабелнет и Зоро компани Битола со по 4 бода. За Кабелнет играат Мојсовски, Брњарчевски, Мјаку, за Зоро компани Битола, Пластиновски, Колчевски, Соколовски… Во третата група најуспешни беа Бутик Емпаер и Најс текстил. Матадор со по 4 бода. За Бутикот играат Зојчески, Чешелковски, Кукески, а за Најс текстил Игески, Тодоровски, Б. Спиркоски. Во четвртата група најмногу бодови, по 4 собраа Мите транс и СТП Автоконтрол. За Мите транс адури се Д. Талески, Ј. Наумоски, Радески, за СТП Автоконтрол играат Д. Карчески, Мегленски, Кулески.
Денешните четвртфинални и утрешните полуфинални дуели ја најавуваат неделната програма каде после ревијалниот дел се пресметките за трето и прво место, за вкупната награда од 450 илјади денари.
![]()

