ЏАЈКОВСКИ ТРЕТ

Историја

Летото 1973 во Скопје се одржа поединечно шаховско првенство на Македонија, со учество на петмина прилепчани, а меѓу нив најдобар пласман имаше мајсторскиот кандидат Митре Џајковски. Членот на шаховскиот клуб “Црн Бор” во голема конкуренција го освои третото место. Имаше изгледи дури и за титулата, бидејќи 10 кола беше во комбинација за самиот врв од табелата. Меѓутоа, во последното коло загуби од Ристо Кизов и се прости од првото место. Третото место за Џајковски претставуваше враќање во македонската елита, каде долго време припаѓаше. Беше нарекуван “прилепскиот Фишер”, поради начинот на игра, инспириран од Американецот.

Loading