НОВА ПЕСНА ЗА ПОБЕДА

Најубавото од навивачите

Најавен е нов спортски музички хит, песна – химна посветена на фудбалскиот клуб Победа. По осамостојувањето на државава беа создадени многу спортски песни, меѓу нив и неколку, во кои се воспева приврзаноста кон нашиот спортски бренд. Новата химна е со наслов “Горд навивач”, а автори на текстот се Дејви Спиркоски и Кристијан Ристески, додека на музиката и аранжманот работеше Рубин Димкоски. Изведувач е групата “Хаундс” со Даниел Павлоски.

Деновиве се снимаше видео спотот каде покрај навивачите се појавија новинари, тренери и некогашни играчи. Од фудбалерите беа Т. Тодороски, Магдески, Манески, Т. Наумоски, М. Стојкоски, Стојковиќ, Д. Крстески, Н. Здравески… Промоцијата е најавена на финалниот ден од турнирот “Свети Никола”. Во песната, меѓудругото, се пее: “Знај ќе те бодрам сé до крајот јас, се дур имам живот и ме држи глас…”. Нема сомнение дека ќе стане и хит, како што тоа е досегашната химна “За тебе Победо”, која се слуша над 15 години.

Loading