КРАЛ МАРКО ГО КРАСИ ЦЕНТАРОТ

Kral Marko za spomeniНајпосле блесна споменикот во полн сјај на Крал Марко. Оживеаја сите приказни, легенди и преданија во кои се спомнува и опишува најголемиот јунак од народното творештво. Низ градскиот плоштад небаре одекна нова приказна дека Кралот Марко дојава на неговиот коњ Шарец каде отсекогаш припаѓал, меѓу прилепчаните, кои го знаеја и од народните песни во кои е опеан. Величествениот споменик е дополнителна нота на убавина на центарот. Уште поубава е глетката кога околу Кралот Марко, кој високо е вивнат над плочникот, весело растрчуваат деца по гулабите. Фотографијата на Златко Андоноски потврдува дека нема поубав град од нашиот. 

Loading