КАФЕ ВАРЕНО НА МАНГАЛ

Aslim tursko kafe svarija TurcinkiМалкумина од младите, го знаат архаизмот мангал, уште помалку пак знаат како изгледа и самиот предмет. Генерациите кои доаѓаат не само што не слушнале за зборот со турско потекло, туку уште помалку знаат за што се употребува отворениот метален сад за греење со жар. Во старо време, не само што се збирале околу мангалот да се стоплат, туку на него се варело и кафе.

Како се приготвува традиционално турско кафе сварено на мангал, презентираа девојки облечени во традиционална турска женска носија на настанот кој го организираше Институтот „Јунус Емре“ од Скопје, чија цел е афирмација на турскиот јазик и култура.

Посетителите вкусија и оригинален локум кој задолжително оди со кафето.

После “шербетли кафето”, посетителите уживаа и во проекцијата на турскиот филм со наслов „Љубовта ги сака случајностите“.

Loading