ДВЕ ДЕЦЕНИСКИ РОДЕНДЕН НА РАДИО ХОЛИДЕЈ

Timot  od pred mikrofonite vo radio HolidejОд периферијата на градот веќе 20 години низ македонскиот етер ечи Холидеј радио. Втори декември 1995 година е датумот кога одекнаа првите звуци од сега веќе добро познатата фрекфенција 102,1Mhz. Со 24 часовната програма од информативен, образовен и забавен карактер и музика за сите генерации од сите жанрови, се секогаш блиску до луѓето кои го избраа Холидеј за незадолжителен, но секогаш константен пријател за убав и успешен ден каде и да се наоѓаат, дури и во дијаспората преку интернет.

Со пријателите, роднините, верните слушатели го прославија роденденот со коктел забава, означувајќи продолжување на патот на успехот кој води до нови заеднички дружби и соработки, како едно од најдобрите радија во Пелагонискиот регион. 

Две децениското постоење е уште еден мотив да се одржуваат на истата бранова должина со слушателите.

Loading