ПРИЈАВЕНИ НАД 25 ЕКИПИ

Турнир Свети Никола

Мошне голем е интересот за учество на турнирот во мал фудбал “Свети Никола”. До заклучувањето на весников се пријавија над 25 екипи. Дознаваме дека има од градов, каде неизбежни се маалските тимови и претставниците на фирмите, а секако атрактивни се тие составени од активни играчи на Победа, 11 Октомври и останатите клубови. Има и од останатите градови, две од Битола, по една од Радовиш, Кавадарци и од Охрид. Се очекуваат редовните гости од Кичево, Куманово, Велес и Скопје. Извесно е дека ќе биде достигната, можеби надмината минатогодишната бројка од 40 тима. Ждрепката е предвидена за 10 декември, а стартот е наредниот петок на 11 декември во Универзалната сала.

Турнирот е од хуманитарен карактер и приходот од влезниците оди во таква намена, затоа се очекува голема посета на сите мечеви.

Loading