СЕ ЧИСТИ КОРИТОТО

Кај Маркова чешма          

Iscisten del od gradska rekaСе исчисти коритото на Градската река на потегот во близина на Маркова Чешма. Иницијативата беше на прилепчаните со викендички и ниви, или кои живеат во тој крај на градот. Акцијата е реализирана со средства од Водостопанството, Прилепско поле.

– Реката Оревоечка која ги прибира испусните води од вештачката акумулација, беше евидентирана како критично место за време на поплавите во февруари и во тој период целосно беше онеспособен преминот од Маркова Чешма кон Поводеници, кога беше целосно поплавен патот и големи површини обработливо земјиште. Со чистењето на овој потег долг околу 350 метри оспособен е преминот и спречено е понатамошно поплавување од престојните дождови. Продолжуваме со реализација на сопствената програма за 2015, што опфаќа чистење на дел од каналите во близина на селата Канатларци и Ерековци, како и санирање на насипот на Градската река кој правеше големи проблеми во годинашните поплави и дел од други површини каде имаше проблем – вели Гордана Тошеска, директор на Водостопанство Прилепско поле.

Чистењето на каналите продолжува со вклученост на локалната самоуправа, Прилепско Поле и Владата.

– Покај коритото на Црна Река, се чистат и се прават насипи на Градската река во близина на Кадино село, каде се направија насипи, доколку има поројни дождови да ги спасиме приносите на нивите. Со помош на резервите нафта добиени од Владата ќе започне чистењето на Дабничкиот канал и на Градска река на долниот и горниот потег на вливот и изливот на реката. Тековно ги чистиме каналите и коритата на реката се со цел да се спречи при поројни дождови да се јават поголеми поплави. Понатаму ќе работиме на уредување на речното корито на Градската река во горниот и долниот дел со регулација на потпорните ѕидови, со што ќе се овозможи не само поголем урбан изглед на градот, туку и поголема регулација на водата при поголеми поплави и дождови – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Во изминатиот период заради поројните дождови дојде до излевање на водата од коритата на реките при што беа поплавени обработливи површини.    

Loading