ШАМПИОН – „ЛУДИОТ“ МАКЕДОНЕЦ ГРКОСКИ

Џипџиите се вратија со пехар од Копаоник

Pehari za slava na nasite dzipciiТројца џипџии од десетината прилепчани, се вратија со пехар и медали од Оф роуд трката Копаоник во Србија. На таканаречената мека патека, долга еден километар, меѓу дваесетина конкуренти, прилепчанецот Влатко Гркоски го освои првото место со време од 51 секунда. За умешното возење, со својот џип Тојота, организаторите го закитија со пехар и го нарекоа „Лудиот” Македонец. При возењето, бил толку брз што повеќе летал отколку што тркалата биле закопани во влажната и каллива трева. Домаќините се чуделе како Гркоски финиширал без да му недостасува влакно на главата, а теренецот останал здрав по неверојатно достигнатата брзина на опасниот терен. 

Третото место го зазел Методија Најдоски со 59 секунди, а четвртото Панче Чупаркоски со време од 61 секунда.

Loading