ПРЕСМЕТКА СО КУМАНОВО

Жени ракомет

Женскиот тим на Прилеп дојде до трета есенска победа, дома со 24-19 над Овче Поле. Видлив е прогрес во составот на Жане Дисоска. Публиката ужива во девојките во нова опрема кои се борат за секоја топка. Одбраната е важна, оти раѓа контри, а и во нападот има сé поразновидни и ефикасни акции. Расположението е одлично, навреме пред дуелот со Куманово. Овој противник е должник од првото коло со високиот триумф во својата сала од 31-21. Тогаш прилепчанките не беа комплетни, а сега сакаат да вратат со иста мерка. Според распоредот, Прилеп треба да гостува, но бидејќи пред два месеца гостуваше, не е исклучено сега да биде домаќин.

Табела: Металург 15, Вардар ј. 15, Куманово и Прилеп по 9.

Loading