НЕСФАТЛИВ ПОРАЗ

Победа

Несфатливо е како Победа го загуби пелагониското дерби во Новаци со 2-1 од Пелистер. Поразот “печи”, оти е доживеан со пресврт. По поништениот гол на Гешоски беше постигнат уште еден, признат, преку Колевски. Така течеше доминацијата до последните секунди од првиот дел. Се случи израмнувањето на Трифуновски и во второто полувреме како да играше друга екипа. Прифатлив беше и нерешен резултат од 1-1, меѓутоа му се дозволи на домаќинот да дојде до триумф. По заслуга на прилепчаните, кои имаа грешно додавање, гол даде Главевски и 2-1 за Пелистер. Неочекувано или незаслужено, трите бода отидоа кај битолскиот тим.

Победа не губи надеж да се врати меѓу водечките. В сабота во Охрид е дуелот со Кожуф и вреди борбата за триумф поради навивачите кои со автомобили патуваат секаде.

Табела: Македонија ЃП 21, Пелистер и Љубанци по 20, Тетекс 18, Победа и Скопје по 16.

Loading