БОРБА ЗА ЕСЕНСКИ ПРВАЦИ

Пинг – понг

Младата екипа на Младост 96 одлично настапува во Првата пингпонгарска лига. Не беше проблем да издвои висока победа над Куманово од 5-2. Рутинската задача ја завршија Александар Рикалоски со три и Антонио Стомнароски со две добиени партии. Во наредното коло е гостувањето во Кочани. Доколку се освојат двата бода, претстои борбата за есенската титула. Тогаш шлаг на есента ќе биде дербито со лидерот Ѓорче Петров од Скопје.

На поединечната ранг листа од Лигата, Стомнароски е трет, Рикалоски шести.

Loading