Триесет ипет годишниот Златко Петрески застрела пет диви свињи во месноста Црници во близина на превојот Дервен. Еден од петте трофеи тежи дури 170 килограми, две свињи се по 120, а две прасиња по 60 килограми. Во седумчлената група се ловџиите Милан Маркоски, Благоја Пашоски, Методија Стојаноски, Благоја Трајкоски, Ѓорѓи Стеваноски и Цане Трајкоски.
– Битката со дивите животни не беше лесна. Пред нишанот ми излезе стадо од триесетина свињи. Бегаа уплашени пред мене на педесетина метри. Беше потребна сталоженост, а не возбуда. Важно е да не се подлегне на страста и да затрепери раката. За кусо време нанишанив, гаѓав колку што можев побрзо, додека ми беа во видното поле. При тоа погодив пет – кажува младиот Петрески.
Реткост е да се отстрелаат толку многу свињи од еден ловџија, макар што Петрески има застрелано три во еден ден во 15 годишното искуство.
![]()

