ПРВ ТЕМЕЛ ВО ГРАДИНА

Брачната двојка Митрески ги постави темелите на новата куќа на градежната парцела за индивидуално домување во населбата Градина. Митрески се среќни заради создавањето нов дом. На потенцијалните  инвеститори им порачаа да не се плашат кога градат свое.

Фирмата Виком е изведувач на куќата со приземје, два ката и поткровје.

Градоначалникот Марјан Ристески ги повика домашните и странски инвеститори да купат една од петте нови парцели во индустриската зона Прилеп 2 кај сточното пазариште и трите плаца за куќи во Градина, каде се продадени 14 локации од првиот модул.

Loading