НОВИ 66 БИЗНИСИ СО ДРЖАВНИ ПОДАРОЦИ ОД 3000 ЕВРА

Zaplivuvanje vo biznis voditeСо владини средства од три илјади евра за самовработување, досега вкупно 66 прилепчани најдоа егзистенција и излегоа од списокот на невработените. Оваа државна мерка е најатрактивната за анимирање на невработените.

Ана Арсовска успеа да го оствари сонот, “закажувајќи” в сабота отворање на цвеќарница со кетеринг услуги за секаков вид настани.

– Мечтаев да отворам цвеќарница и í благодарам на Владата што со грантот од три илјади евра ми овозможи да го отворам патот во иднината. Со средствата го наполнив дуќанот. Помогна и агенцијата за вработување во изготвувањето на бизнис планот. Од него зависи понатамошното сознание за добивање на средствата и да почнам бизнис – вели Арсовска, сопственичката на цвеќарницата Спешл Евент.

Novi pretpriemaci do drzavna stimulacijaПосле повеќе години без работа, Сузана Наумоска ќе стартува со сопствен бизнис по една недела. Таа избра да бара “леб” преку отворање на едукативен центар за дополнителни часови по математика и физика за сите возрасти,  под името Мат гемус.

– Диполомиран електроинженер сум. Бев невработена многу години. Дојдов до идеја да отворам едукативен центар за дополнителни часови по математика и физика со средствата за самовработување, а со тоа се поврзувам со професијата. Во денешно време тоа им недостасува на децата и бараат помош. Оптимист сум. Нема да има проблеми – вели Наумоска.

Според Силвана Пашоска, раководителот на Бирото за  вработување, мерката за самовработување со неповратни средства – грантови е најактуелна и најбарана уште од 2007 година.

– Во Прилеп има најмногу барања, но и одобрени грантови. Досега се отворени 650 фирми со солидни бизнис планови. За 2015 година, вкупно 66 лица добиле неповратни средства од по три илјади евра во опрема и репроматеријали, плус трошоците за регистрација на фирмата. Најпозитивен е проектот “Македонија вработува”, оти лицата кои се самовработуваат од 3 до 5 години се ослободени од придонеси. Според анализата, процентот на реализација во општинава е 85 отсто. Најзастепени се занаетчиските дејности, има и трговија, прехранбената дејност и од сите услужни и други дејности – вели Пашоска.

Според градоначалникот Марјан Ристески, семејните бизниси влијаат на развојот на економијата.

– Доколку почнат со еден-двајца вработени и да го зголемуваат бројот на вработените, според сведоштвата на некои фирми, се стигнува и до 30-40 вработени – вели Ристески.   

Прилеп е еден од најактивните градови во користење на овие мерки, со кои се намалува невработеноста и се подобрува локалната економија.    

Loading