ПЕТТО МЕСТО ЗА МИРЧЕСКА

Борење

Балканијадата во борење за кадетки во Бурса, Турција беше големо искуство за единствената девојка од државава, Катерина Мирческа, членка на БК 7 Мај Леов. Таа го вложи својот максимум и се спротивстави на противничките од Турција, Бугарија и Романија. Прво на душекот за ривалка ја имаше Турчинката Кинар и го загуби дуелот, потоа не успеа да избегне пораз од Романката Фодур. Во третиот настап се сретна со Бугарката Брамчева. И тука остана без победа. Беше јасно дека истиот исход се очекува против првата фаворитка и шампионка, Турчинката Кифки. Така младата Мирческа е петта и за неа останува некој нареден настан за подобар пласман.

Loading