КАЗНЕТА ПУБЛИКА НЕ МОЖЕ БЕЗ ФУДБАЛ

Фудбал

Дербито на Третата лига – Југ помеѓу 11 Октомври и лидерот Вардар Неготино беше забрането за публика. Прилепчаните, најзагреани за фудбал, не можеа да ја следат Победа, а сега и 11 Октомври поради пропуст на натпреварот со Партизан Обршани. Гледачите никој не можеше да ги задржи. Навлегоа од кај паднатиот ѕид и се распоредија на седиштата од големата трибина. Ги имаше околу 50. Пристојно се однесуваа, мирно си седеа, никому не пречеа, како да не беа внатре. Следен меч е Млекар – 11 Октомври.

Табела: Вардар Н. 27, Победа В. 21, Тиквеш 17, Д. Езеро 16, 11 Октомври 14.

Loading