ВИТАМИНКА СО НАЦИОНАЛНА НАГРАДА ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

Timot sto go sozdade proektot -  DNK na kompanijataЗа проектот „ДНК на компанијата“ Витаминка ја доби наградата во категоријата „однос кон вработените“ на годишното доделување на Националната награда за општествена одговорност. Преку него се зацврстуваат основата и суштината на функционирањето со стимулирање и мотивирање на вработените и имплементирање на позитивни компаниски односи. Овој проект- практика се темели на грижата на компанијата за здравјето, информираноста и едукацијата на вработените.

– Наградата претставува потврда за вложувањата и ангажираноста за позитивната работна атмосфера, мотивирани вработени и воспоставување на повисоки стандарди во професионалноста и експертизата на вработените – изјавија од тимот за општествена одговорност на Витаминка.

Целта е да се постигнат нула повреди на работното место, намалување на боледувањата и развивање на свеста на вработените за потребата од 100 отсто хигиена во и надвор од работното место.

Манифестацијата е организирана од Министерство за економија, Бизнис конфедерација на Македонија и проектот на ЕУ за општествена одговорност. 

Loading