НЕ ГАСНАТ ФАКЕЛИТЕ НА СЛОБОДАТА

Одбележан 11 Октомври

Buket na Mogilata na nepobedenite polozi gradonacalnikot Marjan RisteskiИ годинава прилепчани не ја заборавија традицијата. Онака како што тоа се правело со години, за празникот 11 Октомври екна импровизираниот напад на градот, а светлечките ракети го обоија небото. Ниту, врнежливото време не ги поколеба граѓаните масовно и достоинствено да го чествуваат денот на народното востание. Во градот каде пред 74-години започнала битката за ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор, со посебен пиетет и почит се чествуваше националниот празник. Не изостана ниту богатата свечена програма.

– Денешните генерации имаат нови битки за подобар живот, за економски просперитет. Градот се издигнува во современо и модерно место, се подобрува економската слика и се решаваат проблемите – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Владина делегација предводена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, делегации на Собранието, на АРМ, Сојузот на борците, локалната самоуправа, политичките партии, здруженија и граѓани положија цвеќиња и се поклонија пред моштите на жртвите што ги дал Прилеп во антифашистичката борба на Могилата на непобедените и пред спомениците на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто и на идеологот на народната револуција Кузман Јосифоски – Питу во центарот на градот.

Се одиграа и повеќе културно – забавни и спортски манифестации.

За време на револуцијата 1941-1945 година, Прилеп даде 650 жртви и има 15 народни херои.

Во чест на празникот 11 Октомври, беше поставен камен темелник за станбено деловниот објект на улицата “Кеј 9. Септември”, на местото на старите судски бараки каде вложуваат заеднички инвеститорите Теракота Инженеринг од Прилеп и ДМ-ОИЛ од Струмица. Инвестицијата е над два милиони евра. 

Loading